1. Поезијата, која правиме, е политичка во премногу конкретната смисла на недвосмислено разграничување помеѓу пријател и душман. Во моментот на нашето формирање како група поети, нашите јасни непријатели, кои не се предмет на преговори, се: а) лајфстајл литературата во сите нејзини варијанти б) литературата која паразитира на универзитетската инфраструктура, како и в) комерцијално ориентирани обиди за хибридни инцести помеѓу потточки а и б.

1.1. Под „лајфстајл литература“ ние разбираме производ контролиран од механизмите на понудата и побарувачката, во кој авторот со поголема или помала мера на свест се обидува да најде одговори на потреби, кои се создаваат од една кориснички ориентирана „култура на себе“ или со други зборови, пустинското привидение дека можеме да „направиме“ своето јас од потрошувачки производи и услуги. Авторскиот момент кај така создавани производи е посредуван и редуциран од очекувања, чие задоволство претпоставува откажување од естетската – често и од етичката – автономија на субјектот што го произведува текстот. Во оваа смисла лајфстајл литературата како комерцијален еквивалент на постмодернистичкиот концепт за „смртта на авторот“ во кој овој тип литература се среќава и соживотува со „високиот“ (универзитетски) постмодернизам.

1.2. И двајцата партнери – лајфстајл литературата, од една страна, и академскиот постмодернизам, од друга – има од што (имплицитно) да се срамат како еден пред друг, така и пред читателите. Во поделикатна позиција, меѓутоа, е постмодернистички инспирираната литература, која паразитира врз универзитетската инфраструктура. Иако теоретското алиби за израмнување на „високо“ и „ниско“, по-високиот партнер во двојката не може да се ослободи од остатоци гузна совест, особено кога е потребно да се потпре на левичарски дискурси кои се актуелни во западната академија. На крајот на краиштата – дури и кога реториката е левичарска – потеоретски настроениот партнер всушност прибегнува кон карактеристични за проценката на лајфстајл продукција неолиберални пазарни легитимации: „најпродаваниот бугарски писател“ , „најмногу објавуваниот во странство бугарски писател“ и така натаму ранг листи на комерцијалниот успех. Посебно прашање е всушност колку овој успех е комерцијален или се базира на вообичаеното за бугарското општество олигархиско спојување на приватни интереси и приватизирани државни ресурси.

1.3. Под „литература која паразитира на универзитетската инфраструктура,“ ние разбираме, иако проценувачката нијанса на дефиницијата „паразитира“, пред сè (и непејоративно) социо-културната реалност на економската неопходност писателот да се потпре на, макар и ниски, но сепак релативно сигурни приходи во формата на професорска плата (или докторантска стипендија), која да не претпоставува секојдневен де факто 8-часовен работен ден. Ако не си спремен во пракса да го продаваш напишаното од тебе и себеси како човек кој пишува, универзитетската работа претставува легитимен и достоен избор за оној што пишува. Неприфатливо паразитскиот момент се наметнува и презема, кога универзитетската инфраструктура (бесплатно распоредување со простории, пристап до медиуми и жири комисии, за натпревари преку академски постигнувања и титули, најпосле, регрутирањето на публика од студентина кои често предаваш и дури претстои да испитуваш) се користи за искривување на конкурентната литературна средина во полза на универзитетски професори, кои истовремено имаат настапи како поети.

1.4. Сега е време да се соочиме со веројатно најважното прашање, што се поставува при дефинирање на политичкото како разлика помеѓу пријател и непријател. Прашањето за 1 милион долари: зошто ни се непријатели? Одговорот е едноставен, можеби застрашувачки едноставен: еднодецениската мирна транзиција во литературата по крајот на 90-тите го трансформира создавањето на дистинкции „пријател-непријател“ како витален акт на реконструкција на продуктивните тензии во литературното поле. Разградувањето на политичкиот систем, започнато од Симеон ІІ, го има својот точен еквивалент во литературниот систем: претворањето на радикалниот политички потенцијал на постмодернизмот од 90-тите во деполитизиран кариерен академско-корпоративен ресурс, удобен за мирна копулација со лајфстајл литературата со цел постигнување на комерцијално оптимални хибриди. Со враќањето на радикалната политизација во литературното поле, ние отворено објавуваме деполитизираниот академско-корпоративен постмодернизам/нео-авангарда, лајфстајл литературата и нивните комерцијално оптимизирани хибриди за наши душмани.

1.5. Колку што живееме во рамките на една марливо одгледувана од секоја следна влада култура на виктимизација, знаеме дека тековното статус кво на мирна транзиција во литературата, која објавуваме за наш непријател, нема да пропушти да прогласи себеси за наша „жртва“. Нема да е ниту првиот, ниту последен пат кога вистински и симболично богатите и властодршците ќе си стават маската на жртвата. Всушност, целата култура на мирна транзиција, која е конструирана од старите социјалистички елити се базира врз блокирањето на секоја манифестација на слобода преку плашилото што вели дека ќе има „жртви“. Ние знаеме дека тие лажат кога штитат привилегии, за кои се плашат и си ставаат маската на жртвата. Ние тврдиме дека зад маската на „жртвата“ се крие состојбата на статус кво на мирната транзиција во литературата, групниот промискуитет на лајфстајлот и академизмот – нашиот непријател.

2. Новата социјална поезија, чие раѓање манифестно објавуваме тука, е пред се друго поезија на рехабилитираната фигура на авторот – рехабилитирана по лајфстајлно-академското консумирање на неговата „смрт“. Безочната комерцијализација на Ролан-Бартовиот концепт е де факто потпишувањето на неговата смртна пресуда. Комерцијално оптимизираните хибриди помеѓу лајфстајл литературата и „висок“ академски постмодернизам во пракса неповратно го убија и закопаа револуционерно-анархистичниот потенцијал на идејата за „смртта на авторот“. Во оваа ситуација, ние го објавуваме воскресението на авторот како последен гарант на можноста за етички дејства, т.е., слобода. Пред нашите очи помина филмот, во кој теоретското исфрлане на авторот во ендекот на литературното поле беше алиби за неговото стоковно позиционирање во сигнално портокаловиот павилјон на власта во вид на медиуми, жири комисии, грантови, преводи, државни одликувања. Овој автор навистина е мртов и веќе почнал да смрди. Да живее авторот како последен гарант на слободата!

2.1. Рехабилитацијата на фигурата на авторот како субјект, кој може да се смета за одговорен во етички план, е насочена кон срцето на темнината на режимот на мирната транзиција: вистина нема – ergo дејствуваме, „работиме“ на својата литературна и академска кариера, академската литературна историја се пишува од самите нас, кои истовремено правиме литературата, играјќи во фудбалскиот меч и свирејќи за пеналите во него. Ако во 90-тите релативизирање поимот за вистина стануваше во режим на игра, поткопувајќи догматските „вистини“ на идеологијата на стариот режим, во 10-тите овој лајфстајл-академски релативизам стекна реалнополитички и реалноекономски димензии на корпоративна приватизација на општествен литературен ресурс. Во оваа ситуација ние се објавуваме за една литература на вистината, која е генерички поим на нашето сфаќање за нова социјална поезија. Создателите на играта сами ја завршија во својата вистината на академски апаратчици и лајфстајл икони. Новата социјална поезија како литература на вистината е нашата волја да ја вратиме слободата на литературата од апаратни академски игри и лајфстајл комерцијално тагување/амјузмент до смрт.

2.2. Поезијaта на 90-тите во врвот на своите достигнувања, поврзани со имињата на Ани Илков и Златомир Златанов, никогаш не се откажала од естетиката на возвишеното како трансмисија помеѓу литературното и политичкото во условите на незавршен проект на модерноста. Академскиот постмодернизам кој се потпира на овие поети како свои учители, пред се, зема од нив една дискурзивна игра и играта со постструктуралистки жаргони, оставајќи во заднина нивната моќна естетика на возвишеното, чиј последен егзистенцијален залог е политичкото. Симптоматски е дрифтот, кој се засилува со напредувањето на мирната транзиција во 10-тите, од неземената при срце естетика на возвишеното, кон се поотвореното комерцијално прегрнување на естетиката на убавото. При најуспешниот хибрид меѓу академски постмодернизам и лајфстајл литература, естетиката на убавото се претвора во комерцијален услов без кој не може и веќе нуди реалнополитички рецепти – „човекот кој протестира е убав“ – директно вклучени во PR кампањата на МВР против протестите во летото на 2014г. Новата социјална поезија категорично и форсирано обложува на естетиката на возвишеното како средство за враќање на политичката радикалност во литературата и општестото, деморализирани од естетизацијата на политичкото во рамките на комерцијалната хибридизација на академскиот постмодернизам и лајфстајл литературата.

2.3. Естетиката на возвишеното е секуларен застапник на теологијата во ситуација на трансцеденција која се повлекува социалноисторически (информационнотехнологически, биотехнологически и т.н.) и фундаментална диференцијација на вредносните сфери, која не подлежи на повторното преговарање во рамките на западната цивилизација. Слободата што сакаме да ја вратиме во литературата е незамислива без непопустливо задржување на автономијата на поетското во однос на идеологиите на пазарот, државата и науката. Но оваа автономија не е доволна за реализација на условите за можност на слободата, која бараме. Како рехабилитацијата на авторот како етички субјект, така и концептот за литература на вистината се незамисливи без трансцендентни фундаменти. Видовме со свои очи, додека старееме, до каде разиграната суспензија на субјектот и вистината води, чија последна основа може да биде само трансцендентна – директно во касирањето на играта во академијата и комерсот. Без етички субјект (кој носи одговорност) и вистина, чии градежни основи се трансцедентни, нема социјална правда. Без рејџот на правдата нема поезија.

09.09.2016, София

 

Превод од бугарски на македонски од Виктор Василев

 

списание „Нова социална поезия“, бр. 12, май, 2018

 

Comments

comments

Вашият коментар

Вашият имейл адрес няма да бъде публикуван. Задължителните полета са отбелязани с *